Педалот не бил проблемот на Леклер, самиот погрешил

Ферари ги отфрлија како неточни сите шпекулации дека излетувањето и сударот на Шарл Леклер на Француското Гранд При било поради проблем со педалот за гас како во Австрија и посочија дека се работи за возачка грешка, како што призна и самиот возач.

Моачанецот ја контролираше трката на Пол Рикар откако го задржа Верстапен зад себе и актуелниот првак не можеше да мине иако се трудеше, а гумите се трошеа. Кусо откако Верстапен влезе по свежи гуми, трката на Шарл се распадна откако го загуби задниот дел од болидот на 11та кривина, излета и заврши во оградата.

Заглавен во бариерите тој гласно викаше дека имал проблем со педалот за гас, посочувајќи дека можеби се работи за истиот проблем од пред две недели во Австрија кој го менаџираше при крајот и победи.

Матиа Биното ги расчисти сите недоразбирање и шпекулации околу коментарите велејќи дека она што Леклер го кажал се однесувало на тоа што не бил во можност да стави во “рикверц“ и да се одлгави од бариерите по сударот и несреќата.

прво сакам да објаснам дека немавме никаков проблем со педалот за гас како во австрија. она што се случи е возачка грешка на шарл којашто може да се случи. тој не е добар возач, тој е фантастичен возач, но направи грешка и тоа е тоа.

она што го чувме преку радиото се однесуваше на неможноста да го врати болидот во риквецр за да излезе од бариерите. беше на педалот за гас, но моторот не испорача доволна сила за да излезе од оградата. немаше ништо лошо тоа беше судар – објасни биното.

Шефот на тимот дополни и дека проблемите од Ред Бул Ринг биле целосно отстранети.

вообичаено не зборуваме многу за вакви детали и тоа што се случува, но она од австрија е многу едноставно. имавме еден федер кој буквално многу лепеше, тоа повеќе го нема и тој проблем нема да се повтори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ