Перез научил многу за Ферари во Бахреин

Серхио Перез изјави дека научил многу за силните и слабите страни на новиот болид на Ферари во Бахреин. 

Мексиканецот ја стартуваше трката од втората позиција, но на стартот го загуби пласманот од Шарл Леклер. РБ19 стануваше се побрз како што одминуваше трката, но Перез не можеше да го стигне Леклер во првата серија. 

Чеко изврте 13 кругови зад Леклер каде учел како се однесува нивниот нов болид. 

Научив доста за нивниот болид. Знам каде се силни, а каде се слаби. Ги споделив овие информации со моите инженери – откри перез.

Ред Бул беа доста силни на трката и борбата за победа се сведе меѓу нивните возачи. 

Штета што не го стигнав Шарл во првата серија. Навистина беше тешко зад него. Тој беше со нови гуми и разликата беше приметлива.

Кога сакав да го нападнам ми се трошеа гумите, но Бев трпелив. Кога го стигнав извозев брзи кругови и гумите ми беа подобри во вториот стинт, Но веќе беше доцна и останав зад Макс. Подоцна само ја одржував разликата во трката. 

Сепак, Перез е задоволен од новиот болид. 

Удобно ми е затоа што Болидот е добар и среќен сум. Мислам дека не чека работа, Но стартот беше одличен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ