Перез незагрижен за Рикардо: Ред Бул може да потпишат со кого сакаат

Серхио Перез вели дека не е загрижен од присуството на Даниел Рикардо во тимот, по одлуката на Ред Бул да го ангажира австралиецот за сезоната во 2023.

Даниел Рикардо ќе работи како трет и резервен возач на Ред Бул оваа година, по спогодбеното раскинување на неговиот договор со Мекларен лани. Ова ги поттикна теориите дека Рикардо би можел да биде поставен на тркачко место доколку мексиканецот не ги испорача бараните резултати сезонава.

Говорејќи на промоцијата на РБ19 на Ред Бул, Перез беше запрашан дали има загриженост за одлуката на Ред Бул да потпише со Рикардо за 2023 година. Четирикратниот победник на трка одговори со нагласување на моќта што веројатно ја има Ред Бул на пазарот на возачи.

Не, кога си во Ред Бул Рејсинг, подобро е да се претставиш најдобро – одговори Перез.

Не е важно дали Даниел е тука или не, Ред Бул може да го избере речиси секој возач што го сака од гридот.

Улогата на Рикардо претежно ќе вклучува вршење на симулациска работа и демонстрација, а моментално нема план за тест денови или слободни тренинзи. Перез коментираше дека верува дека придонесите на Рикардо ќе помогнат во перформансите на тимот во наредната сезона.

Мислам дека сме многу среќни што го имаме Даниел, со оглед на нивото на искуство што го има и што можеме да го вратиме во фабриката со инженерите – додаде Перез.

Тој навистина знае кога зборуваме за болидот, тој навистина разбира за што зборуваме. Значи, мислам дека е правилно да има некој како него во близина и особено за време на викендите, тој ќе биде од огромна помош.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ