Перез незадоволен од своето возење на тренинзите

Серхио Перез ги заврши двете петочни тренинг сесии доста зад времињата на неговиот колега, Макс Верстапен и остана критичен и незадоволен од своето возење.

Мексиканецо заостанува само 6 поени зад својот колега во возачкиот поредок, но потфрли на сесиите во Петок, на првата беше само 11ти, а на вториот тренинг се подобри и заврши на 4то место. За разлика од него, актуелниот првак беше 4ти на првиот тренинг, а најбрз на вториот.

немав добар петок, а моите кругови исто така не беа добри, на втората сесија ги закочив тркалата на последната кривина. има уште многу перформанси од мене и морам да го подобрам возењето затоа што денеска не сум добар.

ако се подобрам и ми стане поудобно во болидот, треба да биде одлично. но, овие услови со многу низок грип особено со се што пробувавме на првиот тренинг се тешки иако заостатоците не се големи.

грипот на првиот тренинг беше како да возие на интермедиа гуми, а не на мазни за суво време. пробувавме некои нови работи во врска со механичкиот баланс и научивме доста работи задолгите тркачки серии. не беа тоа симулации за трки затоа што беа само неколку кругови, но можам да потврдам дека имаме одлична база – вели чеко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ