Перез очекува голем напредок од Астон

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, предвидува голем пресврт за тимот на Астон Мартин следната сезона.

Мексиканецот возеше за поранешните тимови на Форс Индија и Рејсинг Поинт седум сезони од 2014 до 2020 година, пред да биде отпуштен од тимот во корист на Себастијан Фетел и покрај тоа што штотуку ја оствари својата прва победа во Формула 1 во Бахреин. За среќа, тоа доведе до шанса за Перез да биде земен во последен момент од Ред Бул за да стане партнер на Макс Верстапен во 2021 година.

Оваа година Ред Бул го освои шампионатот за конструктори за прв пат од 2013 година, секако дека дел од успехот е благодарение на Перез, кој собра 305 поени за тимот што вклучуваше две победи на трките во Монако и Сингапур.

На крајот на денот, потребно е и двајцата возачи постојано да освојуваат поени за да се освои шампионатот за конструктори, така што тоа беше многу посебна година за целиот тим – изјави Перез.

Беше неверојатно. За мене победата во Монако беше многу посебна затоа што победата таму е чиста спортска историја, тоа е многу посебен момент во мојата кариера.

Чеко сè уште има силни врски со својот стар тим и смета дека Астон Мартин е подготвен за нов поход следната сезона со Фернандо Алонсо кој ќе го замени Фетел покрај Ленс Строл.

Мислам дека Фернандо многу ќе го подигне тимот. Сè што слушам е дека ќе биде многу конкурентна година за Астон Мартин.

Астон за малку го загуби шестото место во тимскиот поредок откако се изедначи со Алфа Ромео на бодови, а позицијата се решаваше поради тоа што Валтери Ботас имаше најдобар пласман од сите 4ца возачи од двете екипи. Најдобриот резултат на Алфа Ромео во сезоната го имаше Валтери Ботас на петтото место на Имола, додека Фетел беше шести во Азербејџан и Јапонија, а Строл исто така шести во Сингапур.

Перез се надева дека Алонсо ќе го подобри тоа и ќе помогне да се зајакне Астон во поредокот во 2023 година и додаде дека би било добро да има повеќе врвни возачи кои се натпреваруваат за титулата, наместо уште една година доминација на Ред Бул.

Би било многу добро за спортот и за сите Фернандо да се бори на челните позиции, да се бори со Карлос и со нас – мислејќи на возачот на Ферари, Карлос Саинз.

Самиот Перез исто така се надева дека ќе биде во борба за титулата следната година, и покрај сеопфатната доминација на Верстапен во сезоната штотуку завршена, во која победи на рекордни 15 од 22 трки.

Бев многу конкурентен, особено на почетокот на сезоната, но имав период од неколку трки каде што изгубив во борбата за шампионската титула – призна Перез.

Мислам дека научив многу од тие моменти кои ќе не направат посилни за во иднина. Важно е да можам да ја имам таа конзистентност во текот на годината за да бидам во борбата за шампионската титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ