Перез потпишува за Хаас следната недела ?

Поранешниот механичар на Мекларен, Марк Присли, очекува Серхио Перез да потпише за Хаас и тоа да биде потврдено уште следната недела во пресрет на Ајфелското Гранд При.

Мексиканецот е без место за следната сезона откако Рејсинг Поинт искористија опција да не му го продолжат договорот, а во исто време решија да го донесат Себастијан Фетел во тимот.

Чеко потенцираше дека сака да ги анализира можностите за останување во Формула 1, иако не по секоја цена. Хаас е една од екипите која може да му понуди место за следната сезона со оглед на тоа што Гросжан и Магнусен немаат валиден договор.

очекувам перез да потпише за хаас уште следната недела. реално има две опции, алфа ромео или хаас. во алфа мислам дека кими раиконен ќе остане и крај него ќе вози мик шумахер наместо антонио џовинаци, додека хаас едното место ќе му го дадат на перез – вели присли.

Алекс Албон се мачи во Ред Бул да го стигне нивото на Макс Верстапен, така што шпекулациите велеа и дека е можно Серхио да заврши во Милтон Кинс. Сепак, и покрај тоа што тимот има своја Академија од која исклучиво носи возачи за тимот, Присли смета дека Перез или Хулкенберг имаат шанси за тоа место.

и местото во ред бул стои како можност. ако погледнете надвор од нивната програма ќе ги видите нико хулкенберг и серхио перез, но никој од нив не би бил опција доколку ред бул имаше некој од својата програма кого може да го унапреди.

мислам дека ред бул е реална опција за чеко или нико, иако можеби само за една или две години додека не се појави надеж во нивната академија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ