Перез по загубеното второ место: Така е понекогаш

Серхио Перез, мексиканскиот возач на Ред Бул, не успеа да го освои 2то место во возачкиот поредок откако финишираше зад Шарл Леклер на Гранд При трката во Абу Даби.

Тимот од Милтон Кинс одбра стратегија со две застанувања во боксот за Чрко што значеше дека треба да мине неколку кругови пред да стигне до Шарл Леклер и да се обиде да го мине за 2ро место. Откако не успеа, освои 305 поени на крајот на сезоната, три поени помалку од Шарл Леклер од Ферари.

така е понекогаш, се е премногу блиску, но на крајот на денот, јас сум задоволен од себе и од постигнатото. дадов се од себе, тимот даде се од себе во текот на сезоната и сигурен сум дека ќе се вратим уште посилни следната сезона – најави перез.

Тој откри дека се мачел со менаџирање на гумите во текот на трката поради што побарал од тимот да промени два пати гуми.

мислам дека се мачев многу со овие гуми, ги менаџирав на трка и понекогаш е тешко, но ќе се подобрам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ