Перез: Ред Бул е во одлична позиција со Рикардо

Влијанието на Даниел Рикардо во Ред Бул по неговото враќање во тимот како резервен возач беше пофалено од шефот на тимот Кристијан Хорнер, додека Серхио Перез, исто така даде свое мислење за австралиецот во екипата.

Чеко верува дека Ред Бул се во многу добра позиција по враќањето на Даниел Рикардо. Откако остана без тркачко место во 2023 година по неговото заминување од Мекларен, Рикардо одлучи да стане резервен возач за тимот со седиште во Милтон Кинс, откако претходно се тркаше за тимот помеѓу 2014 и 2018 година.

Рикардо присуствуваше на својот прв тркачки викенд во Формула 1 годинава на Големата Награда на Австралија и иако не седна зад воланот, беше видливо присуство во гаражата на Ред Бул во текот на целиот настан. Влијанието од враќањето на австралиецот беше пофалено од шефот на тимот Кристијан Хорнер, кој посочи дека е поттик да се има позитивната енергија на Рикардо околу сите во тимот, а Перез изрази слично мислење.

Тој е пред сè, една многу позитивна, една одлична личност за да се има околу себе – изјави Перез.

Тој никогаш не престанува да се смее. Мислам дека тоа е одлично за тимот.

Ние сме во многу уникатна позиција, да го имаме Даниел со големото искуство што го има. Тој врши многу добра работа за нас.

Покрај делувањето како резервен возач, улогата на Рикардо вклучува и работа во симулатор и маркетинг активности.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ