Перез свесен: Лошата серија на медиум ми ја одзеде победата

Серхио Перез смета дека лошата прва серија одработена на стартниот медиум сет гуми му ја уништила шансата за победа во Мајами откако беше поразен од колегата Макс Верстапен иако тргна од пол позиција.

Почнувајќи на најтврдата гума, Верстапен до 15от круг беше на второ место иако стартуваше како 9ти, а одработе предолга серија од 45 кругови во кои многу претекнуваше.

По промената, Серхио имаше силна серија на хард што му дозволи и да се врати во водство по излезот на Макс од боксовите, но ногивте медиум на холанѓанецот беа пребрзи.

мислам дека медиум гумите беа многу лоши, полоши одошто очекував. првата серија беше лоша, иав нерамномерно трошење и немав добар ритам, а тоа ми ја загуби трката затоа што немаше голема предност во брзина во однос на хард гумите на макс – посочи чеко.

Мексиканецот призна дека неговиот колега одработел маестрално за да го победи со старт од 9то место.

искрено мислам дека макс имаше неверојатна брзина на неговите стартни хард гуми и морам да анализирам што се случи денеска и зошто јас ја емав неговата брзина. макс беше особено силен и заслужи да си победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ