Перез ја пофали тимската работа

И покрај тоа што не стигна до пол позицијата која ја освои неговиот тимски колега, Серхио Перез беше задоволен од настапот на Ред Бул во квалификациите за Големата награда на Абу Даби.

Мексиканецот беше брз во текот на целата сесија, но поради малата грешка во К3 не стигна до пол позиција, а потоа се бореше да се изедначи со темпото на Верстапен. Макс ја обезбеди пол позицијата, додека на второто место покрај него ќе стартува Перез. И покрај тоа, Чеко беше задоволен од тоа како тој и Верстапен работеле заедно во сесијата.

Мислам дека едноставно не направив доволно во К3 – Перез.

Особено првиот круг во К3 не беше толку добар, заостанав малку, но добро е што го освоивме првиот ред.

Макс направи одлична работа и за мене. Работевме заедно како тим, навистина силно во последните кругови, така што со нетрпение го очекувам утрешниот ден, тогаш се е важно – најави серхио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ