Петер Солберг ќе вози Виртуелна Ф1

Светскиот рели првак од 2003 година, Питер Солберт, ќе вози на 4то Виртуелно Гранд при на кое до сега своето учество го потврдија уште четворица актуелни Формула 1 возачи.

Трката викендов ќе се вози на денот кога беше закажано Холандското Гранд При, но поради тоа што Зандворт ја нема во официјалната Формула 1 игра, трката ќе се вози на славниот бразилски Интерлагос. Патеката крај Сао Паоло доби повеќе од половина од 40.000 луѓе кои се вклучија во гласањето за местото на тркање на претсојното Виртуелно Гранд При.

Своето учество на тркаа веќе го потврдија Александер Албон од Ред Бул, Антонио Џовинаци од Алфа Ромео, Николас Латифи и Џорџ Расел од Вилијамс како и Шарл Леклер кој победи на последните две виртуелни трки. Чуди тоа што возачите на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Саинз ги нема на првичната лиса на учесници.

Рели првакот Питер Солберг ќе вози за Рено заедно со Формула 2 возачот, Кристијан Лундгаард за кого на големо се зборува дека е силен кандидат за место во фабричкиот тим на францускиот производител.

сите ги менуваме работите на кои сме научени да функционираме додека светот е ваков каков што е, а јас сум многу нетрпелив да возам виртуелна формула 1 трка заедно со кристијан.

татко му на кристијан, хенрик, се тркаше против мене додека бевме помлади поради што ми е многу драго што ќе бидам колега трава со некој кој потекнуа од рели семесјтво. ќе дадам 110% од себе и ќе се потрудам колку што можам. коа правиме нешто тоа го правиме со една цел, да победиме – вели соберг.

Од оние кои не се вклучени во моторспортот, на оваа трка ќе учествува англискиот крикет играч Стјуард Броуд и неговиот колга Бен Стоукс, потоа Алесио Ромањоли, фудбалерот на Милан.

Виртуелната трка ќе се состои од куса квалификациска сесија по што следуваат 28 кругови бркотница по Интерлагос, а ќе се случи во Недела во 6 часот по локално време. Формула 1 излезе со бројка дека над 16 милиони луѓе ги гледале првите три Виртуелни Гранд При трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ