Норвешка и Солбергови победија на Трката на Шампионите

Тимот Норвешка предводен од Петер и Оливер Солберг го победи тимот Америка во финалето на Купот на нациите на Трката на Шампионите. 

Ветеранот во Рели и шампионот во реликрос Петер, беше колега со синот Оливер, кој ја однесе победата во дуелите помеѓу Норвешка и Америка. Норвежаните добија предност со багите на Поларис откако Џими Џонсон имаше технички проблем и мораше да застане неколку секунди во првиот обид. Тоа беше лесна победа за Солберг сениор за 1-0. 

Втората рунда беше Солберг јуниор против Колтон Херта со РХ2Е електрични рели автомобили каде победи повторно Норвешка и предноста изнесуваше 2-0. Во третиот обид повторно беше Солберг јуниор возејќи заедно со Себастијан Фетел како копилот, но загубија во борбата возејќи Порше. Џонсон ги оживеа шансите на Америка во четвртата рунда откако го победи тинејџерот со 1.6 секунди преднсот со поршеата.

Последната четврта рунда беше со реликрос автомобили што без изненадување донесе победа на Солберг сениор откако Херта удри во снегот кај шнолата.

Формула 1 ѕвездите немаа посебен успех. Хакинен беше единствениот кој дојде до полуфинале додека другите Формула 1 ѕвезди испаднаа во четвртфинале. 

Велика Британија загуби од Финска откако Џејми Чадвик направи грешка со Поршето и му донесе лесна победа на Кимилаинен, додека Хакинен го победи Култхарт што ги подгреа ривалствата кои датираат од пред 20 години кога беа колеги во Мекларен. 

Германија не успеа да оди напред откако Фетел загуби во две рунди од Џонсон и Херта и претходно од ѕвездата на еспортс Лукас Блејкли. Мик Шумахер победи во двете рунди но тоа не беше доволно да ги спаси. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ