Попов: Хамилтон не беше ограбен

Рускиот Формула 1 коментатор за Мач ТВ, Алексеј Попов, не смета дека Хамилтон бил ограбен во финалето во Абу Даби. 

Последната трка се одлучи во последниот круг, а со тоа и титулата која Хамилтон не успеа да ја одбрани. Рускиот коментатор потенцираше дека Абу Даби е екстремен случај на драматично финале кое е дел од тркањето. 

Мислам дека се беше фер оваа сезона. Луис беше посилен, но тоа е спортот. Многу фанови останаа вознемирени.

Тоа е моторспортот, Се завршува со знамето на крај. Тоа е среќата на нашата генерација. Во 90-тите години беше нормално да се расипуваат болидите, а Не како сега еднаш во сезоната.

Леклер водеше во Силверстон и Луис го стаса. Норис во Сочи и Луис го стаса. Сега има други работи како тактика, гуми, дожд, има различни случаи, Тоа е дел од тркањето. Фер или нефер, Маси или без Маси тоа е дел од трките. 

Попов смета дека медиумите во Англија претерале со насловите и тоа не треба да го намали значењето на достигнувањето на Верстапен. 

Ги видов насловите, Нашето момче е ограбено. Не. Не е ограбен тој заслужи ама не победи. Макс победи и тој е шампионот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ