Поради прекршок на Хамилтон, Мерцедес добија опомена пред казна

Стјуардите предупредија дека може да бидат издадени казни доколку прекршокот се повтори во иднина.

Мерцедес добија опомена од стјуардите откако Луис Хамилтон задоцни со пристигнувањето на прес конференцијата за Големата Награда на Британија во Формула 1 во четвртокот.

Седумкратниот шампион беше избран да биде дел од првата група возачи на официјалната прес конференција на ФИА во Силверстон, но малку задоцни и пристигна откако започнаа прашањата.

Мерцедес беа уредно повикани кај стјуардите за инцидентот, со опомена изречена откако претставникот на тимот го изнесе нивниот случај.

Беше истакнато до стјуардите дека распоредот на Хамилтон е контролиран од тимот, а со оглед на тоа што е домашен настан на Хамилтон, распоредот бил исклучително исполнет и дека било исклучително тешко за Хамилтон да се движи низ падокот.

И покрај тоа, стјуардите ги отфрлија тие аргументи, сметајќи дека доцното присуство го нарушува протоколот дека постои значителен интерес од страна на медиумите да разговараат со возачите до кои имаат ограничен пристап.

Бидејќи активностите во четвртокот на еден Гранд При викенд се контролирани од самите тимови, стјуардите одлучија да го опоменат тимот наместо Хамилтон, земајќи ги предвид претходните инциденти.

Но, во пресудата беше наведено и дека може да се разгледаат дополнителни казни во случај на повторување на задоцнетото пристигнување на прес конференцијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ