Поранешниот инженер на Макс не е изненаден

Чеви Пухолар, поранешниот инженер за трка на Макс Верстапен, изјави дека очекувал возачот да биде шампион порано или подоцна бидејќи е најдобриот возач со кој работел.

Пухолар беше инженер на Верстапен во Торо Росо кога младиот холанѓанец се приклучи на спортот. Тој сега е дел од Алфа Ромео и смета дека неговиот поранешен партнер ја заслужил титулата и сигурен е дека ќе освои уште многу.

Знаев дека порано или подоцна ќе стане шампион. Кога гледав што се случува во Абу Даби, очекував Луис Хамилтон да доминира, Но Макс ја заслужи титулата.

Имаше тешки години, но многу се подобри. ТОј е вистинскиот победник оваа сезона бидеќи возеше со помалку грешки и одлична стратегија иако немаше многу среќа и беше казнуван – објасни Пухолар.

Верстапен остана мирен во текот на сезоната и беше штитен од својот шеф Криситјан Хорнер. Пухолар изјави дека од почетокот верувал дека холанѓанецот ќе може да се справи со предизвикот.

Не бев изненаден. Тој беше на неверојатно ниво и уште повеќе порасна низ годините. Желбата не го напушти и се бореше до крајот. Тој сакаше да докаже дека е најдобар и Никогаш не се откажа.

Пухолар работеше со многу талентирани возачи како Хуан Пабло Монтоја, Марк Вебер, Александер Вурц и Жан Ерик Верн, но сега има и шампион на неговата листа.

Тој има нешто што другите го немаат. Сум работел со многу талентирани возачи, но не биле така мотивирани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ