По борбата со Хамилтон, Гасли е свесен дека Мерцедес не се повеќе моќни

Пјер Гасли со своето АлфТаури се тркаше со Луис Хамилтон за време на тестот во Бахреин и од таа нивна борба французинот дознал дека “сребрениет стрели“ повеќе не се силни како што биле.

Двајцата се следеа и претекнуваа на последниот ден од предсезонскиот тест, Хамилтон мина неколку кругови крај Гасли за да го проба следењето, а потоа го претекна, но французинот врати за да ги проба своите перформанси.

Мерцедес имаат осум последователни шампионски титули кај конструкторите во Формула 1 и влегуваат во целосно нова ер на правила со својот револуционерен болид кој го донесоа во Бахреин. Дали нивните проблеми се реални или пак само кријат перформанси никој не знае, но по меѓусебната борба, Пјер смета дека Луис повеќе нема моќен пакет на располагање.

бев изненаден што се борев со луис, но сметам дека мерцедес не се толку моќни и силни како во минатото – изјави гасли по послениот тест ден на автодромто крај Шакир.

Клучна цел на новите правила е да се намали губитокот на перформанси додека се следи болид, нешто на што ланските болиди беа многу кревки, а со тоа и да се зголемат шансите за претекнување. По неколкуте борби на тест, изгледа дека следењето е драстично подобрено, но останува да видиме како ќе биде на трка.

очигледно беше подобро, се претекнувавме со хамилтон неколку пати, бевме блиску еден до друг и дефинитивно гледам дек има подобрување. мислам дека ни претстои интересна и забавна година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ