По контроверзиите во Силверстон, Биното барал од Шарл да се смее

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, побарал од својот возач, Шарл Леклер, по Британското Гранд При да се смее затоа што за себе има болид способен секогаш да победува.

Моначанецот водеше на Силверстон и изгледаше дека ќе победи, но безбедносното возило ја смени неговата среќа затоа што сите околу него влегоа по нови софт, а тој остана на стари хард гуми, затоа што тимо одбра со него да ја задржи позицијата. Сепак, Карлос Саинз со другиот болид на Ферари победи, но проблемот беше тоа што Верстапен заврши на 7мо место поради проблеми и Шарл можеше да намали доста од неговата предност во возачкиот поредок.

Леклер и Биното беа снимени многу брзо по крајо на трката во момент кога шефот на тимот со прст мафташе накај него, држејќи му некаква лекција. Потоа, Матиа појасни дека му кажувал на Леклер да не биде разочаран туку да се смее затоа што има моќно Ферари со огромен потенцијал.

шарл беше многу разочаран ,фрустриран и несреќен, како исите ние. неговото разочарување е и наше, неговата фрустрација е и наша затоа што пред безбеносното возило тој водеше, но на крајот не победи.

го разбирам зошто се чувствуваше така затоа што се бори за титула и немаше среќа во таа ситуација. кога се разминавме, јас одев кон подиумот, а тој одеше кон интервјуата за новинарите. го видов разочаран и му кажав дека не треба да биде, треба да се смее затоа што е фантастичен возач, затоа што е шампион и секогаш покажува колку е силен. беше одличен на крајот со начинот на кој го штитеше своето место по безбедносното возило иако имаше инфериорни гуми во однос на останатите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ