По кој возач жали Кристијан Хорнер ?

Тимскиот шеф на Ред бул, Кристијан Хорнер, ги кажа двајцата возачи по кои жали што не ги донел во тимот. 

По две децении од формирањето на Ред Бул Ф1 и освојувањето на пет титули, екипата стана позната по создавањето на едни од најдобрите возачи на денешницата како повеќекратните прваци Себастијан Фетел и Макс Верстапен. Но, Хорнер сепак жали за некои претходни одлуки. 

Во изминатите години имаше повеќе возачи кои ги сакав во Ред Бул. Мислам дека хуан пабло Монтоја можеше да направи многу повеќе во Формула 1. Тој е неверојатно талентиран возач кој можеше да направи повеќе. 

Сепак вториот возач не е толку познат за широката Формула 1 јавност. 

Имаше возач со кој тестирав во тимот Арден и штета е што Формула 1 го пропушти. Тој се викаше Том Кристенсен и имаше голем успех кај спортските автомобили. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ