По крајот на тестот, Мерцедес во потрага по перформанси

По крајот на тридневниот предсезонски Формула 1 тест, од Мерцедес признаа дека приоритет им е да извадат што е можно повеќе перформанси од новиот В14 пакет.

Возачите се жалеа на не многу добар пакет, а имаа и проблеми со издржливоста во текот на вториот ден, а последниот го завршија со големи 148 кругови и второ најбрзо време. И покрај тоа што болидот се чинеше подобар последниот ден, Ред Бул беа недостижни во однос на перформанси.

Во свое интервју по крајот на тестот, главниот инженер на тимот, Ендру Шовлин, потврди дека следна цел е да извадат перформанси.

многу работевме во текот на ноќта во пресрет на последниот ден за да најдеме подобрувања на болидот, така што сетирањето очигледно е во вистинска насока. се гледа дека напреднавме, двајцата возачи беа позадоволни последниот ден со балансот, како на летечки круг, така и на долгите серии.

јасно е дека имаме уште многу работа за да се забрзаме и да имаме подобро време со оглед на тоа каде сме во моментов, но фокусирани сме само на себе. ќе го искористиме цело време до гранд при трката за да направиме телемна анализа на се што имаме како информација и да извадиме повеќе перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ