По критиките од Марко, Хорнер во одбрана на Чеко

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, застана во одбрана на Серхио Перез откако мексиканскиот возач беше на удар на советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко.

Марко го обвини Перез дека веќе заминал на летната пауза сред серија на незадоволителни резултати.

Се пошегував со Хелмут пред некој ден, му реков дека мислам оти Чеко веќе замина на одмор, а тој отиде и ви кажа на сите – појасни Хорнер.

Хорнер ја пофали трката на Перез во Унгарија, откако поранешниот возачот ја премина целната линија на петтото место. Сепак, Хорнер е убеден дека Перез можел да цели кон подиумот ако не била доцната интервенција на виртуелно безбедносно возило по откажувањето за Валтери Ботас.

Погледнете ја трката на Чеко во вториот дел, Без виртуелното безбедносно возило, тој ќе целеше кон подиумот во завршните фази и ќе ги нападнеше Џорџ Расел и Карлос Саинз.

Мислам дека по ресетирање во текот на летната пауза, само за да разбере што не му тргна баш најдобро на последните неколку трки, тој ќе стане посилен од Спа па натаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ