По новите казни, Саинз и Магнусен ќе тргнат од последнот ред

Карлос Саинз и Кевин Магнусен ќе ја почнат утрешната трка за Големата награда на Франција од последниот ред откако добија нови мотори во пресрет на првиот деншен тренинг.

Моторот на возачот на Ферари се запали за време на трката во Австрија пред две недели и само се чекаше веста дека ќе добир нов мотор, а со тоа и дполнителна казна. Уште во пресрет на петочните сесии Ферари потврдија дека тој еќ добие нова контролна електрониа, што ќе значи казна од 10 позиции за него.

Последна весст е дека тој ќе добие уште елементи, нов мотор со внатрешно согорување, двата делови од системот за повраток ан енергијата (топлинскио и кинетичкиот), така што ќе тргне од последно место.

Карлос беше најбрз во Петок со своето силна време на втората сесија и ќе мора да се пробива низ поредокот ако сака да дојде до силни поени на утрешната трка.

Друштвот на Карлос во последниот ред ќе му прави Кевин Магнусен, возачот на Хаас со мотор на Ферари кој исто така во пресрет на денешното возење доби многу нови делови. Данецот доби нов мотор со внагрешно согорување, кинетички и топлински дел како и нов издув,

Нов издув доби и Шарл Леклер, но тоа е во рамки на дозволеното и нема казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ