Ред Бул го прикажа својот прв болид кој ќе биде придвижуван од мотор на Хонда, но шарите на болидот беа чисто за промотивни активности и истите ќе бидат променети за почетокот на сезоната.
Четирикратните прваци ја прекинаа долгогодишната соработка со Рено со цел повторно да дојдат до позиција да се борат за титула, а утрово ги објавија и првите слики од РБ15. Лани францускиот мотор кај нив беше ребрендиран во Таг Хоер, а годинава компанијата продолжува да го поддржува тимот, иако моторот останува Хонда.
По промоцијата следува возење на болидот по легендарниот автодром Силверстон, слично како и Мерцедес кои пред нив го промовираа својот кандидат.
возбуден сум пред откривањето на болидот и пред почетокот на сезоната.
до австралија не можеме да поставуваме никакви цели, затоа што резултатите во формула 1 во многу зависат од пакетот со кој располагате.
но, јас сум секогаш оптимист и значи дека ќе дадам се од себе и ќе се обидам да победувам без оглед на болидот. Треба да почекаме за да ги видиме перфомрнасите – изјави макс верстапен на промоцијата.