Принц Хари и Хамилтон го отворија Музејот Silverstone Experience

Шесткратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон заедно со Војводата од Сасекс, Принц Хари, го отворија новиот Музеј во Силверстон, Silverstone Experience. Музејот се наоѓа на патеката домаќин на Британското Гранд При и содржи делови од британскиот моторспорт.

Музејот е нов дом на архивата на Британскиот Клуб на тркачки возачи, а има и многу интеркативни изложби за посетителите.

Откако до вратата беше доведен со електричен Мерцедес, шампионот од 1996 година, Дејмон Хил, беше меѓу присутните британски возачи кој ги поздрави присутните, а истото го направи и Џорџ Расел и Алекс Албон од сегашните.

Главните ѕвезди кои го отворија Музејот, Хамилтон и Првинцот Хари ќе се сретнат и со студенти од локалните технички школи за да разговараат околу технологијата која го движи моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ