Прост: Верстапен ќе биде уште подобар

Откако Макс Верстапен ја освои титулата, Алан Прост верува дека холанѓанецот ќе биде уште подобар. 

Верстапен конечно доби болид со кој ќе може да се бори за титула и успеа да го победи Луис Хамилтон. Французинот Прост сега смета дека Верстапен може само да напредува во иднина. 

Тој имаше совршена сезона. Се сеќавам кога почна во Формула 1 и си викав дека е брз и има се, но прави многу грешки. Тоа е нормално кога си млад.

Со тек на време, почна да прави се помалку грешки и стануваше се подобар. Секогаш беше на врвот.

Сега има титула и треба да вози различно затоа што притисокот е Помал. Сега ќе знае каде да ризикува и каде да напаѓа за да биде подобар возач. 

Професорот верува дека оваа сезона била најдобрата во последните години. 

Мислам дека спортот беше спектакуларен оваа сезона и многу луѓе почнаа да ја следат. Дефинитивно беше најдобрата сезона во историјата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ