Прост: Нов дуел на Луис и Макс е неизбежен

Неколку часови пред стартот на Холандското Гранд При на Зандворт, легендарниот Алан Прост најави дека е неизбежен нов дуел помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Французинот е искусен во такви дуели затоа што голем дел од својата кариера водеше буквално војна со Аиртон Сена.

го гледам целиот натпревар како фан на спортот и се надевам дека ќе има борби и дуели до последната трка. како фан сакате возачи кои се борат силно како што тоа го прават макс и луис во моментов – псочи професорот.

Верстапен е пред домашната публика, а Хамилтон ќе стартува до него од првиот ред, така што шансите за нешто налик на она што се случи на Силверстон се големи.

тоа што се случи на силверстон не беше потребно и никој не сака повторување на нешто слично, но неизбежни се дуели на самата граница, а се надевм дека сударите нема често да ги гледаме.

макс е борец и може да го притисне луис многу силно, а тоа е одлично за спортот. сите се обожаватели на макс откако дојде во формула 1. сеуште се сеќавам дека го интеврјуирав по првата победа и бев зачуден колку беше зрел.

секако дека правеше грешки, тоа е дел од процесот на учење, но во меѓувреме стана поискусен и веќе не греши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ