Ралф: Возачите се најголем проблем на Ферари

Овогодинешниот болид на Ферари не е добар, но поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, смета дека најголем проблем на тимот од Маранело не е тоа.

Во Мајами двајцата возачи имаа проблем со неконстантност на болидот од круг во круг иако имаа силни квалификации, назадуваа на трката.

болидот не е добар, но подобар е одошто возачите велат. саинз напави грешка на кочење при влезот од боксот додека леклер едвај успева да комплетира круг без да излета – посочи шумахер.

многу работи се случија откако фредерик васур стана шеф на тимот, но најголем проблем има со возачите кои според мене не се константни.

со грешките, леклер покажува или дека не е доволно зрел или дека не знае да биде константен за да биде првак. саинз може да заостане по 8 десетинки зад леклер во текот на еден викенд.

поради сето тоа, мислам дека на ферари му оди многу опдобро одошто е тоа случај со неговите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ