Ралф го советува Мик за наредните чекори во Ф1

Ралф Шумахер верува дека Мик Шумахер треба да ја прифати позицијата резервен возач во Мерцедес откако го загуби местото на гридот во американски Хаас. 

Хаас се одлучија да го донесат Нико Хулкнеберг во тимот како колега на Кевин Магнусен, така што Мик Шумахер остана без возачко место во Формула 1. Тото Волф од Мерцедес изрази желба да го донесе како резервен возач. 

За Мик е најдобро да го превземе следниот чекор и да работи со тим кој има многу искуство и може да му помогне.

Процесите во Хаас и Мерцедес се различни и Мик може само да добие од тоа. Важно е да работи со тим како Мерцедес и да учи од Хамилтон и Расел кои имаат победи зад себе. Има многу што да научи во тимот – објасни ралф, чичкото на мик.

Ралф Шумахер додаде дека искуството што може младиот германец да го стекне многу ќе му помогне. 

Хамилтон сега е во фаза кога има многу што да понуди на младите возачи. Тоа е многу вредно за Мик.

Тешко е да се пресече, но секое искуство ќе му помогне на Мик и важно е да биде во тим како Мерцедес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ