Ралф: Да бев Марко, ќе го земев Хулкенберг

Ралф Шумахер смета дека Ред Бул, чиј возач Александер албон се мачи сезонава, треба да го заменат со Нико Хулкенбер.

Британецот со тајландско потекло во моментов оди по истиот пат како Пјер Гасли лани, пат кој заврши со врќање на французинот во Торо Росо и унапредување на Алекс од истата екипа.

Макс Верстапен доминира во тимот и има драстично подобри резултати и перформанси од Албон, а покрај тоа изгледа дека е единствен кој колку-толку може да им парира на Мерцедес.,

Хулкенберг до лани возеше за Рено, но французите решија да го заменат со Естебан Окон.

повторно макс верстапен е “осамен волк“ во борбата против мерцедес. за ред бул тоа не е многу издржлива опција на долг рок, а тоа неодамна го потенцираше и самиот луис хамилонт. мислам дека доктор марко и сите во тимот се исто така свесни за проблемот кој го имаат.

доколку јас бев доктор марко, јас ќе го повикав нико хулкенберг и ќе му дадев болид затоа што тој е на ниво на даниел рикардо и може да биде одличен аз екипата која би добила втор стабилен возач кој има искуство и може многу да помогне со развојот на пакетот – објасни ралф.

Нико е поврзуван со возачко место во Алфа Ромео или во Хаас за следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ