Ралф: Мик покажа дека е жесток борец

Мик Шумахер тргна од 8мо место на главната трка на Ред Бул Ринг, а заврши две позиции погоре, нешто што Ралф смета дека добро илустрирал за што е способен.

По првите поени во кариерата во Формула 1 кои дојдоа на Британското Гранд При на Силверстон пред една недела, не успеа да дојде до бод по борбата против Луис Хамилтон на саботниот спринт во Австрија, иако фантастично ги одбиваше нападит на седумкратниот поранешен првак.

Германецот се бореше против Луис и на главната трка стигнувајќи до одлични поени со 6то место, а чичко му Ралф е презадоволен.

тој е многу силен во дуел, тоа веќе го покажа во формула 2, а сега го гледаме и во формула 1. лани не можеше ништо од тоа да се види затоа што имаше очаен болид со кој не можепе да се трка. грешки секако дека се случуваат – објасни ралф.

Дури и Тото Волф, по дуелните на Шумахер со неговиот пулен Хамилтон, посочи колу силен возач е младиот Мик.

мик возеше фантастично, одлично се бранеше и тоа беше секогаш фер и спортски. задоволен сум и среќен што гледам добро младо момче.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ