Ралф незадоволен: Хаас ја уништија трката на Мик

Ралф Шумахер остана целосно незадоволен од стратегијата која американски Хаас ја примени на неговиот внук, Мик Шумахер на Јапонското Гранд При.

По рестартот на трката, сите возачи побрзаа бавните и ладни гуми за дожд да ги променат на интермедиа, додека Хаас се одлучија на поголем ризик со Мик, да останат на патеката и да чекаат евентуално безбедносно возило. Младиот германец беше лесна мета за сите од гридот, многу доцна влезе во бокс, искочи на последно место и по казната на Гасли официјално заврши на 17то место.

сомнителна тактика на хаас за мик затоа што му ја уништија добрата трка. сепак, мислам дека тоа е екипа која многу бавно, но се движи во бистинска насока.

не знам точно колкав буџет ќе имаат за следната сезона и каков мотор ќе имаат, колку тој ќе биде силен. верувам дека и тимот и мик имаат иднина и треба да го искористат тоа.

подобрувањата на шумахер по сударот на првиот тренинг во петок беа забележителни вклучително и тоа што го победи магнусен на кваификации на своето прво формула 1 возење во јапонија.

како и да е, хаас треба да се запрашаат што направија со тактиката затоа што такви грешки не смее да им се повторат. видете доа каде стигна ферари со такви грешки и не се сите добри како ред бул – напиша ралф во својата колумна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ