Расел против забраната за греачи на гуми

ФИА планираше да ги забрани греачите на гуми од почетокот на 2024 година, но Џорџ Расел не мисли дека спортот е подготвен за таква промена.

Џорџ Расел вели дека Ф1 сè уште не е подготвена да ги отстрани греачите на гумите, велејќи дека таквиот потег ќе донесе несреќи и ќе биде опасен за механичарите.

ФИА првично планираше да ги забрани греачите на гуми од почетокот на сезоната во 2024 година, иако тие може да останат во спортот во очекување на конечната одлука што ќе се донесе следниот месец.

Расел од Мерцедес, кој исто така работи и како директор на Здружението на возачи на Гранд При, учествуваше на тест во Барселона по Шпанското ГП за новите гуми на Пирели без покривка, заедно со резервниот возач на Мерцедес, Мик Шумахер и Карлос Саинз од Ферари.

Учеството на тестот на почетокот на Јуни веднаш по тркачкиот викенд значи дека Расел почувствува дека условите не се целосно репрезентативни за она што може да се доживее во поладно време.

Во ретроспектива, веројатно не беше тестиран во правилни услови на вистинската патека – изјави Расел за медиумите.

Ако одите на патека како што е Барселона, која е доста агресивна асфалтна патека, температурата на патеката беше 40 степени, целосно изгумирана од тркачкиот викенд.

Но, ако го споредам тоа за разлика од почетокот на годината, кога направив едно возење во Херез на температура од 10 степени на патеката, беше исклучително тешко надвор од боксот.

Ќе има несреќи

Британецот, исто така, посочи дека гумите не се подготвени за трка, наведувајќи ја големата веројатност за несреќи и загриженоста за безбедноста на механичарите.

Ако бидам целосно искрен, мислам дека ние како спорт не сме во позиција да ги доведеме овие гуми во тркачко сценарио – рече Расел.

Ќе бидам многу загрижен за сите механичари во боксот за време на питстоп, би бил многу загрижен за надвор од кругот на трка во ладни услови. Ќе има несреќи, не се сомневам во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ