Расел за дуелот со Хамилтон: Да беше друг, ќе го истуркав од патеката

Џорџ Расел се осврна на неговиот прв круг од Големата Награда на Мексико, откако падна од второто на четвртото место по првите свиоци.

Возачот на Мерцедес беше зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен во пресрет на свиокот број 1 и беше повлечен налево додека Верстапен ја бранеше внатрешната линија. Потоа отиде рамо до рамо со тимскиот колега Луис Хамилтон, а вториот излезе на врвот.

Расел вели дека да било некој друг возач покрај него, тој признава дека би го истуркал од патеката за да ја одбрани својата позиција.

Мислам дека последните четири трки беа прилично лоши. Влегувајќи во свиокот 1, знаев дека ќе успеам да го престигнам Макс однадвор.

Со Луис таму, ако беше некој друг освен мојот тимски колега, веројатно само ќе го истуркав од патот – призна расел.

Расел, исто така, падна зад Перез во воведниот круг и се надеваше дека ќе го фати мексиканскиот возач подоцна во серијата, возејќи на медиум во споредба со софт на Перез.

На почетокот, тоа беше еден вид на менаџирање, мислев дека Чеко ќе се откаже. Сакав да продолжам на тој медиум. На крајот притискав колку што можев, но тоа беше како да возам на мраз .

Мислам дека Пирели веројатно донесе еден чекор претврди соединенија овде. Мекиот веројатно требаше да биде среден, средниот требаше да биде хард. Возевме како со ултра-тврди на хард гумите.

Расел, исто така, побара мека гума за неговата втора серија за време на трката, пред Мерцедес на крајот да се определи за хард.

Толку е лесно во ретроспектива, кога видовме дека Латифи ги вози тврдите, а потоа Луис ја стави тврдата гума, мислевме дека тоа ќе биде вистинската одлука. Но, штом отидовме во вториот круг, сфативме дека нешто не функционира.

Би бил навистина заинтригиран да видам што би можеле да направиме доколку возевме подолго на медиум и потоа на софт, како она што направи Даниел Рикардо и кој имаше силна трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ