Расел исплашен: Ред Бул се уште не го покажале целосниот потенцијал

Поаѓајќи од она што на крајот се покажа како задоволувачка трка за Мерцедес, Џорџ Расел можеше само да се восхитува на страшната форма на Ред Бул, кои остварија доминантна победа од 1-2 во Мајами во неделата.

Макс Верстапен победи на трката и покрај тоа што стартуваше од деветтото место на гридот, а Серхио Перез беше втор. Двојката имаше повеќе од 20 секунди предност пред остатокот од гридот, кој го предводеше Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Тоа беше четврти финиш на Ред-Бул со 1-2 од пет трки досега во 2023 година, нешто за што Расел рече дека не бил многу изненаден.

Всушност, 25-годишниот британец изрази загриженост дека Ред Бул дури и не мора да се трудат премногу и можеле лесно да ја завршат трката со оглед на тоа што во моментот нема надворешно противење.

Рековме на почетокот на сезоната дека тие се толку далеку напред поради што им е лесно во моментот. Признание до нив за добрата работа што јасно ја направија и покажаа што е можно кога ќе ги завршите работите правилно. Тоа е она што ќе го бркаме и ќе видиме што можеме да постигнеме – најави младиот британец.

Сепак, тој тврди дека моменталната доминација на Ред Бул во Формула 1 е помалку срам за спортот. Мерцедес продолжува да се реконструира по мошне разочарувачката сезона во 2022 година, додека Ферари досега беше очигледно разочарување оваа сезона и единствено Астон Мартин има силен напредок.

Но Расел, кој ја постигна единствената победа на Мерцедес на Големата Награда на Бразил минатата година, верува дека неговиот тим конечно е на вистинскиот пат да ги стигне Ред Бул. Расел беше најбрз на првиот тренинг во Мајами и се квалификуваше на шестото место на гридот, завршувајќи надвор од подиумот на четвртото место по силниот настап во трката, за кој тој призна дека бил подобар од тоа што тимот го очекувал.

Темпото за нас, релативнокажано, беше силно. Четвртто место во тие околности, веројатно не очекувавме.

После предизвиците во квалификациите, го чувствувавме како понормален ден за нас. Да завршиме на 4то по заслуга и да завршиме пред Ферари беше максимумот што можевме да го постигнеме.

Горд сум на тоа, Но секако дека сакаме повеќе и сакаме вакви трки да бидат за победа.

Болидот е сè уште предизвик за возење. Се надеваме дека ќе имаме некои подобрувања во Имола. Тоа нема да промени многу за нас, но се надеваме дека тоа ќе биде чекор во вистинската насока.

Додека трката беше критикувана во некои кругови за неисполнување на возбудата пред настанот, од гледна точка на Расел во кокпитот тоа било забавна трка.

Навистина доста задоволувачка трка. Добри претекнувања над Алпин, добро претекнување над Карлос.

Битката со Карлос беше навистина пријатна. Направив добар потег на кој му требаше многу посветеност бидејќи патеката е толку валкана надвор од тркачката линија.

Расел и неговиот тимски колега Луис Хамилтон беа на различни стратегии. Тоа значеше дека во еден момент Расел “падна“ зад Хамилтон на неговите постари гуми и требаше да му дозволи да помине неговиот колега, што Хамилтон го направи со мал отпор.

Му благодарам на Луис што ме пушти и ми овозможи да продолжам со мојата трка откако што бевме во различни битки. Имаме навистина добри односи и го сакаме само она што е најдобро за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ