Расел: Казните немаат никаква смисла

Џорџ Расел сочувстува со Фернандо Алонсо за губењето на подиумот бидејќи казната била престрога.

Втората казна за Алонсо му го донесе подиумот на Расел во финалниот резултат, но тој смета дека немало никаква смисла при казнувањето.

Ги разбирам правилата и знам дека треба да се држиме до нив, но немаше никаква смисла. Казнет беше дека бил полево? Ништо не доби од тоа и пет секунди се премногу. Подоцна во боксот доби уште поекстремна казна од 10 секунди.

Расел смета дека казните за Алонсо се уште една од низата на чудни правила и процедури кои предизвикуваат проблем меѓу возачите и ФИА.

Станува фрустрирачки за сите. Има многу разговори за која линија може да се допре, а која не.

На квалифиакции се избришаа многу времиња поради преминување над црвената линија при крајот на кругот. Тоа нема никаква смисла и мора да се најде средина.

Расел додаде дека казната на Алонсо е во посебен фокус посебно откако Естебан Окон од Алпин беше казнет за слична работа во Бахреин.

Тешко е да се видат линиите во болидот бидејќи седиме многу ниско и ништо не се гледа. Имаме долги жолти линии, но ни тие не се гледаат. Нема никаква смисла.

Алонсо смета дека одлуката не била фер и ги повика ФИА побрзо да носат одлуки.

Не е фер за Џорџ но мислам дека спонзорите на Мерцедес го сакаат него на подиум, Но за нас е добро, Го имаме Арамко. Не е фер за Џорџ, бидејќи доколку тој беше трет на трката ќе уживаше на подиумот наместо мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ