Расел: Конечно го видовме В13

Новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, е возбуден што конечно го видел болидот што треба да го вози во новата сезона.

На Расел му се допаѓа тоа што Мерцедес се враќа кон традиционалната сребрена боја по две сезони возејќи со црна боја како подршка на борбата против расизмот.

Во изминатите години имавме црна боја, но сега се враќаме кон сребрената и мислам дека е неверојатна.

Расел е дел од Мерцедес уште од јуниорските денови и е дел од нивната академија од 2017 година кога ја освои титулата во ГП3 со АРТ. Наредната година ја освои Формула 2 титулата и доби место на Формула 1 гридот со Вилијамс. За време на презентацијата во тимот се појави слика со младиот Расел покрај светскиот шампион Луис Хамилтон со кој сега ќе биде колега.

Тото Волф потенцираше дека двајцата возачи многу напредувале од таа слика, на што Расел му возврати:

Многу сме подобри од тогаш, но не знам за тебе!

Сепак Волф е задоволен од досегашната работа на Расел.

Џорџ се припрема за работа. Знам дека тренираше цела зима и го гледав во фабриката, работејќи во симулаторот со неговите инженери. Тимот секогаш бил негов дом и добро е што транзицијата поминува лесно.

Еден потенцијален проблем за Волф е како ќе ги менаџира возачите бидејќи работите може да не се така мирни како претходните пет сезони со Хамилтон и Ботас. Волф е сигурен дека така ќе продолжи и понатака и нема да има конфликт како со Розберг во 2016 година.

Не се сомневам дека ќе имаме одлична атмосфера и ќе работиме на развојот на новиот болид во здрава конкурентна атмосфера која ќе го мотивира тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ