Расел: Мерцедес не смее да си дозволи ривалство во тимот

Џорџ Расел младиот и нов возач на Мерцедес, изјави дека тимот не смее да си дозволи ривалство помеѓу него и Луис Хамилтон. 

Расел ја започнува својата прва сезона со Мерцедес откако помина три години во Вилијамс. Тој своето деби во Мерцедес ќе го има кога спортот влегува во нова ера со нови технички правила, но е сигурен дек ќе избегне конфликт со Хамилтон. 

Слушам гласини од развојот. Мора да запамтите дека оваа сезона имаме нови правила и болидите може да се побавни четири секунди, но некои кажуваат дека се побрзи од тоа.

Луис и јас работиме заедно и не се фокусираме на другите работи. Се надевам дека Мерцедес сеуште ќе биде најбрз тим и болид на патеката, но не смееме да бидеме наивни. 

Расел го проба болидот по многу кругови извртени во симулатор откако Мерцедес користеа ден за снимање на Силверстон по невремето кое ја зафати Британија. 

Кога има силни ветрови тешко е да се вози. Условите не беа идеални, но мислам дека болидот беше сличен на тоа од симулаторот. Мислам дека ќе бидеме во добра позиција пред тестот во Барселона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ