Расел: Мерцедес се во сите услови побавни од Ферари и Ред Бул

Џорџ Расел верува дека Мерцедес мора да најде решение на своите проблеми за да се трка со Ред Бул и со Ферари на првата трка следната недела.

Шампионот Макс Верстапен постави најдобро време на вториот тридневен тест во Бахреин во пресрет на Гранд При трката која ќе се вози на истата патека, одека зад него беше Леклер, а Расел на 4то место. Хамилтон изјави дека Мерцедес не се во победничка позиција и дека Ферари се број еден во моментов.

болидот некако е немирен, се движи лево-десно, се движи горе-доле, но комфортот не ми е битен, туку перформансите. во моментов немаме перформанси и се чини дека сме чекор зад нашите ривали и ни претсои многу работа во пресрет на трката за да ги разбереме проблемите. во сите услови и на сите места сме зад ред бул и зад ферари – потврди расел.

Младиот британец не гледа дека Ред Бул или Ферари се исклучително добри, но неговата екипа не е на нивно ниво.

јасно е дека сме ограничени, треба да анализираме многу да видиме каде грешиме и како да го оптимизираме болидот. екипата работи неверојатно напорно за да најде решение за тоа, но сеуште не сме нашле, а мораме во пресрет на трката. сепак, сезоанта е голема и верувам дека перформанси ќе дојдат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ