Расел откри каде морал најмногу да се подобри

Џорџ Расел мина од Вилијамс во Мерцедес во пресрет на оваа тркачка сезона, а во своја изјава призна дека најголемите промени што морал да ги направи не биле поврзани со тркањето.

Младиот британец посочи дека главна промена биле маркетинг активностите на кои морал повеќе да се посвети откако првите три години ги мина во Вилијамс, помала семејна екипа. И покрај разликите во големината и комплексноста на тимовите, Расел призна дека неговиот пристап не е променет, но активностите надвор од патеката се многу пообемни.

фер е да се каже дека разликата е голема, главно од маркетинг аспектот. во однос на патеката и моите подоговки за трка, се во врска со перформанси, нема некоја голема промена затоа што јас правам исто што правев и во вилијамс за да стигнам до максимумот. тоа го првам и во мерцедес – откри расел.

Во однос на начинот на подготовка, тој дополни:

физичка и ментална подготовка е една работа, но обемот на работа со тимот во симулаторот, состаноците по трка, подготовката за секој викенд, сетоа тоа треба најсунакби сериозно да биде одработено за да се испрача на патеката.

Во однос на маркетинг активностите, тој посочи дека се далеку позначајни одошто неговото време во Гроув.

мерцедес е глобален и мега бренд. имаме десетици и десетици врвни спонзори и тие се причината поради која се тркаме затоа што без нивна поддршка нема да успееме да ги направиме овие прескапи болиди.

јасно е дека мораме да им се оддолжиме. да квантифицирам, веројатно мојот прв месец во мерцедес одработен повеќе маркетигн одошто трите години мианти во вилијамс, но да кажам дека уживам во тоа е пресилен збор.

Сепак, Расел е свесен дека неговите обвркси кон тимот на спонзори се дел од неговите работни обврски.

тие обврски се дел од работата и мора да бидат одработени затоа што спонзорите се оние кои не поддржуваат и не може само да земаме. формула 1 е тимски спорт, а јас многу добро знам колку беше тешко во вилијамс во времето кога не можевме да најдеме спонзори.

или напредувате или назадувате, трето нема, а во вилијамс се назадуваше и поради тоа спонзорите не беа задоволни и среќни и заминуваа. ако немате пари да инвестирате во екипата, перформансите страдаат, спонзорите губат интерес и следува пропаст.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ