Расел очекува моќен развој од Мерцедес

Џорџ Расел чувствува дека огромниот лански сезонски развој кој го имаа Мерцедес може да се повтори и сезонава за да се стигне силниот Ред Бул.

Актуелните двојни прваци почнаа со моќна трка и 1-2 победа на Шакир, покажувајќи дека се класа за сите осстанати, додека “сребрените стрели“ дојдоа само до 5то и 7мо место, а уште повеќе боли и фактот што нивните муштерии од Астон Мартин финишираа пред нив.

Тимот од Бракли најави новини за Имола, трка која ќе се одржи во месец Мај, а Расел смета дека ланскиот напредок покажува дека можат да стигнат.

начинот на кој мерцедес се развиваше лани беше спектакуларен во текот на сезоната.

бахреин е посебна патека и ќе бидам изенаден ако заостатокот и на другите патеки е толкав, но имам огромна верба во екипата дека може да се развијат исто како и лани, но годинава почнуваме со многу подобар пакет.

добро е што нема премногу густ календар на почетокот од сезоната и има време да се развиеме со работа во воздушниот тунел и да се вратиме од фбриката подготвени да се бориме за висок пласман – посочи џорџ.

Во 2022 година, Мерцедес промашија со новитеправила и земјениот ефект, а болидот потскокнуваше неверојатно многу и притоа губеше перформанси, нешто што на тимот му требаше долго да го среди. Во Америка имаа пакет новини кој ги подобри нивните перформанси кои кулминираа на Бразилското Гранд При со првата победа во сезоната.

ако погледнеме каде бевме ова време лани, имавме многу проблеми со болидот кои не знаевме како да ги решиме. мислевме дека ќе си ги решиме проблемите побрзо одошто го направивме тоа, сметавме дека ќе немме мака по шест трки, но ни требаше до астин за да сфатиме што не било како што треба.

годинава почнувме од подобра основа која нема некој фудаментален проблем како лани кога успеавме да стигнеме до победа, така што нема причина да не биде така и годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ