Расел реален: Нема шанса да најдеме цела секунда

Џорџ Расел цели од Мерцедес да ги максимизираат перформансите на Џеда, но е свесен и прифаќа дека тимот нема шанса да најде цела секунда врз база на она што го сработија во Петок.

“Сребрените стрели“ донесоа мали новини за Саудиското Гранд При на својот В14 болид и ја прилагодија програмата на различните услови кои владееја за цреме на сесиите во петок, со цел подобро да го разберат развојот на својот пакет.

На првата сесија, Расел постави 5то време, а Луис беше секунда зад него, но на втората сесија, кога се работеа кратки и долги серии, Џорџ повторно беше 5ти, а Хамилтон 11ти.

собравме многу податоци кои треба да ги анализираме ноќеска. целиме да извадиме максимум од пакетот кој го имаме и да го сетираме на најдобро место. колку и да самаме и да работиме, тешко дека ќе напреднеме цела секунда во текот на ноќта.

ред бул се очигледно многу далеку, но ние учиме многу за нашиот пакето и сето тоа ќе ни помогне на кус и на среден рок. како и секогаш на тренинзите, не сме сигурни со каков мод на моторите се вози и со колку гориво се вози, се станува видливо на квалификациите – појасни расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ