Расел стравува по шокантниот резултат на Мекларен

Ландо Норис и Оскар Пиастри импресионираа откако Мекларен направи огромен чекор напред на Британското ГП.

Џорџ Расел посочи дека нема причина зошто Мекларен не би можеле да ја продолжат својата неверојатна форма од Велика Британија до крајот на сезоната во Ф1.

Екипата од Вокинг извлече импресивно подобрување од својот пакет МЦЛ60 откако воведе голема надградба на болидот на Ландо Норис на Австриското ГП.

Таа форма беше потврдена кога на тимскиот колега Оскар Пиастри му беше врачен истиот пакет надградби, при што дуото се квалификуваше на второ и трето место на гридот во Силверстон.

Австралискиот дебитант не стигна до деби подиум во спортот само поради лошиот тајминг за безбедносно возило, иако Норис успеа да се одбрани од доцниот напад на Луис Хамилтон и да го обезбеди второто место зад Ред Бул-от на Макс Верстапен.

Мекларен не сметаат дека се целосно вратени во борбата за подиуми по настапот, но Расел верува дека последните две трки докажуваат дека има простор екипата од Вокинг да остане при врвот.

Не гледам причина зошто тие нема да бидат при врвот и понатаму – изјави Расел.

Дојдовме од Ред Бул Ринг, што е многу различна патека од Силверстон и тие беа мал чекор пред нас во двата наврати.

Не знам како најдоа толку перформанси, тоа беше големо изненадување.

Ние немаме тенденција да се фокусираме премногу на нашите конкуренти, само треба да продолжиме да се фокусираме на себе.

Тоа ми дава инспирација дека е возможно да се направи камбек, но треба да се обидеме да ги зголемиме перформансите и тоа треба да го направиме прилично брзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ