Расел тврди дека Ред Бул се побрзи од Мерцедес во 2014

Серхио Перез со својот Ред Бул победи на Саудиското Гранд При, а Фернандо Алонсо од Астон Мартин беше 20 секунди зад него во трка со едно безбедносно возило, додека Џорџ Расел верува дека Ред Бул имаат слична доминација како Мерцедес во 2014 година.

На почетокот од турбо хибридната ера, Мерцедес беа доминантни пред остатокот од гридот, а дури 6 болиди кои користеа нивни мотор завршија во топ 10. Ред Бул на отворањето на оваа сезона беше половина минута пред конкуренцијата во Бахреин.

Расел е свесен дека останатите екипи имаат многу работа пред себе за да го надоместат сериозниот недостаток кој во моментов го имаат.

мора да им се честита на ред бул за неверојатната работа и предноста која ја имаат пред остатокот од гридот, веројатно најголема од мерцедес во 2014 година. се работи за сериозна, многу сериозна предност и сите треба напорно да работат а да сфатат каде заостануваат и за да надоместат – посочи џорџ.

По лошиот почеток на сезоната, Расел е оптимист и сигурен дека неговиот тим е способен да си ги поврати загубените перформанси со темелни промени во пакетот.

знаеме дека донесовме погрешни одлуки во текот на зимата, но мислам дека можеме да си ги вратиме перформансите побрзо одшто другите мислат. не е се загубено, сеуште ќе се бориме колку што можеме посилно и следната година сакаме не само да победуваме на трки, туку и да освоиме титула.

реални сме, остануваме такви, но и фокусирани на себе за д анаправиме клучни промени колку што може поскоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ