Расел уживал во мотивирачките пораки од Волф

Џорџ Расел изјави дека уживал во радио пораките од Тото Волф додека се борел за третата позиција при крајот на трката во Франција против Серхио Перез, возачот на Ред Бул. 

Расел се бореше за последното место на подиумот со Серхио Перез и двојката имаше контакт. Расел беше вознемирен од инцидентот и бараше истрага и казна за Чеко, но Волф го смири британецот и го бодреше да се избори на патеката. 

Мислам дека имаше силни емоции. Сметав дека направив добар потег против Чеко, но не ја задржав позицијата.

Бевме побрзи и уживав кога ме бодреше Тото да дадам се од себе. Успеавме како тим бидејќи понекогаш е осамено во болидот и сите си ја работат работата, а ти не знаеш што гледаат инженерите – објасни младиот британец.

За инцидентот со Перез, Расел смета дека според правилата таа позиција била негова. 

Бев разочаран што не ја задржав. Тоа беше мој свиок во кој бев од внатре и бев пред него што според правилата е моја позиција, но тој отиде надвор од патеката и ја задржа позицијата. сепак беше подобро после рестартот кога го престигнав. 

Волф смета дека морал да му се јави на Расел за да го извади од дупката и нервозата во која бил заглавен. 

Сметам дека беше доста вознемирен и морав да се јавам да го смирам. Потребно му е да се врати концентрацијата за да го победи на патеката. Само така ќе излезе поумен.

Подоцна беше конфузијата со виртуелното безбедносно возило и тој успеа да се избори. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ