Расел ја објасни борбата со Перез

Џорџ Расел е изненаден од одлуката да нема казна за Серхио Перез по нивната борба при крајот на трката за Големата награда на Франција. 

Двајцата водеа борба за последното место кое носи подиум при крајот на трката и тој обид на Расел беше неуспешен, но успеа да го престигне откако се повлече виртуелното безбедносно возило. 

Премногу се потев и беше тешка и долга трка. Темпото беше силно и навистина се мачев на рестартот бидејќи Чеко беше зад мене, но успеав да стигнам до крај – посочи младиот британец од мерцедес.

Пред решевачкиот потег, Расел се обиде да го престигне Перез кај шиканата при што двајцата имаа контакт, но инцидентот помина без казна. Расел смета морало да има казна за инцидентот. 

Го видов Перез како се мачи со Саинз кој веднаш го престигна. Јас се обидов од внатрешната страна и правилата се јасни дека мора да ми остави простор. Но, тој не го направи тоа.

Среќен сум што стигнав на трета позиција и имаме два подиуми за Мерцедес, што е одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ