Реакција на Супер Макс по рекордот за Ред Бул

Холанѓанецот победи со голема леснотија на трката за Голема Награда на Унгарија.

Макс Верстапен ја поздрави рекордната 12та победа по ред на Ред Бул во Ф1 како неверојатна по прикажаното совршенство на Унгарското ГП.

Лидерот во шампионатот заврши со повеќе од 33 секунди пред најблискиот конкурент Ландо Норис и доминираше во 70те кругови.

Тоа значи дека Ред Бул е еден чекор понапред од претходниот рекорд на Мекларен кој траеше од 1988 година, со тоа што навидум веројатно нема да бидат запрени во скоро време.

За тимот, 12 победи во низа се едноставно неверојатни – изјави Верстапен.

Она низ што минуваме во последните неколку години е неверојатно и се надеваме дека ќе можеме да го задржиме овој моментум долго време.

Само да се работи со целиот тим е секогаш многу пријатно.

Секогаш е добро да се бара да продолжиш да притискаш и секогаш да сакаш да бидеш подобар, но овој ден е едноставно совршен.

Од второто место на гридот, тој лесно го претекна Луис Хамилтон во свиокот 1 пред да постигне удобна победничка разлика.

Конечно, имавме навистина добар почеток – објасни Верстапен.

Работевме на тоа многу. Кога влегов од внатрешната страна знаев дека свиокот е мој. Доцна притиснав на сопирачките, болидот беше тежок.

Од тој момент, можев да ја возам мојата трка и болидот беше навистина брз.

Во текот на еден круг, овој викенд беше малку тежок. Но, можеби тоа беше добро за трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ