Ред Бул веќе тестираат полесен болид за годинава

Ред Бул веќе тестираат полесен болид за оваа тркачка сезона и истиот веќе е пријавен на задолжителните крш тестови на ФИА.

Иако екипата води во возачкиот и конструкторскиот предок, самите потврдуваат дека тежината е нивниот најголем проблем. Во исто време, од Милтон Кинс знаат дека Ферари се мнгу полесни и поради тоа не престануваат да работат на својот претежок пакет.

ред бул се одлучија на радикален чекор за намалување на тежината – откри новинарот мајкл шмид за германски Auto Motor und Sport.

Германецот посочи дека тимот работи на полесен монокок што ќе ги чини 2 милиони евра, но секако дека ќе мора да бидат подложни и на краш тестови од ФИА. Се посочува дека дополнителни краш тестови во ФИА ќе одработи и друга екипа со цел да го “олесни“ болидот, но тоа не е Мерцедес.

тоа е прескапо во моментов не само поради краш тестовите, туку и поради тоа што градење на три нови шасии ќини 2 милиони евра  велат од мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ