Ред Бул го “шутна“ Тиктум

Даниел Тиктум е отпуштен од познатата јуниорска програма за млади возачи на Ред Бул.

20-годишниот британец се сметаше дека ќе биде следниот млад возач во Торо Росо и ќе ја има целосната поддршка на Милтон Кинс сезонава во Јапонската Супер Формула.

Но, Тиктум ја загуби таа привилегија, а доктор Хелмут Марко го потврди тоа за Speed Week.

тој повеќе не е член на нашата програма – кратко и јасно одговори челникот на Академијата.

Хелмут дополни дека Тиктум не се откажал сам, туку бил отпуштен од тимот, а се верува дека тоа е направено поради лошите перформанси. Спротивно на него, внукот на Герхард Бергер, Лукас Оер, ја има поддршката од Ред Бул.

оер ни донее второ место во суго и неговата форма има нагорен тренд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ