Ред Бул не успеале да го ангажираат Енди Кауел од Мерцедес

Откако Ред Бул го засили регрутирањето на нивниот оддел за погонски единици пред 2026 година, доктор Хелмут Марко вели дека тимот разговарал со поранешниот шеф за мотори на Мерцедес, Енди Кауел.

Специјалниот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, вели дека тимот имале неуспешен обид да го ангажираат поранешниот шеф за мотори на Мерцедес, Енди Кауел. Со оглед на тоа што Ред Бул ќе ги развива енергетските единици во нивното седиште во Милтон Кинс за 2026 година, тимот се обидува да го изгради својот оддел за мотори и склучи договор со Форд со кој американскиот производител ќе обезбеди технологија и персонал за батерискиот дел од агрегатот.

Марко призна дека Ред Бул имал разговори и со некогашниот шеф за мотори на Мерцедес, Енди Кауел, кој не работел во Формула 1 откако ги напушти “сребрените стрели“ на средината на 2020 година.

Енди Кауел е Англичанец со живеалиште недалеку од Милтон Кинс – вели Марко.

Секако дека беше разговарано, но тој ги насочил своите интереси во друга насока.

Под водство на Кауел, Мерцедес ја освои секоја достапна титула помеѓу почетокот на турбо-хибридната ера во Формула 1 во 2014 година и заминувањето на Кауел од тимот. Мерцедес победи на 16 од 19 трки во 2014 година, при што одделот на Кауел широко се смета дека ја произведе најдобрата погонска единица за тогашниот нов сет на технички прописи на Ф1.

Со оглед на тоа што Ауди ќе се приклучи на Ф1 во 2026 година, а постоечките добавувачи Мерцедес, Ферари, Рено и Хонда ќе останат во спортот, наскоро би можело да има шест производители на погонски единици во Ф1, што го поттикна Марко да ја забележи конкурентната природа на инженерскиот пазар.

Добро оди и регрутирањето на кадри. Се уште немаме оптимално ниво на кадар, но не сме далеку од тоа – рече Марко.

Се разбира, се појави нов конкурент во Ауди, а тоа дополнително ја зголеми активноста на превземање кадри од други тимови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ