Ред Бул импресиониран од Тиктум

Сајмон Рени чувствува дека првото искуство на Дан Тиктум во Формула 1 било одлично и тој е импресиониран од 135те кругови кои ги извртел младиот пилот во Бахреин.

Тиктум кој е дел од Ред Бул јуниорскиот погон, прв пат имаше шанса да вози за Ред Бул и нивниот РБ15.Рени е лидер на делот за симулатор е задоволен и верува дека Тиктум многу научил во Бахреин.

Денешниот тест беше одличен. Извозевме 135 кругови што е импресивно за прв пат на Дан.

Имаше многу работа со аеродинамиката која бара комплексни процедури и сите тие ги извозе перфектно. Имаше измени на подесувањата и долги возења за да се стекне со искуство.

Рени верува дека Тиктум, кој напорно работи во симулаторот ќе им помогне на Ред Бул во развојот на РБ15 и по враќањето назад ќе има подобри референци за тоа како се вози Формула 1 болид на патека.

Дан врши одлична работа во симулаторот и без да го вози вистинскиот болид, а денешното искуство е вредно за нас и него. Кога ќе се врати во симулаторот ќе има подобри референци. ТОа е една позитивна работа бидејќи сега знае како е да возиш вистински болид, отколку да му кажуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ