Ред Бул одобри: Макс ќе користи Шуберт наместо Араи кацига

Ред Бул му одобриле на Макс Вертапен да го промени доставувачот на кацига и да користи Шуберт и покрај тоа што при дизајнриањето на РБ15 болидот била користена кацигата произведена и дизајнриана од Араи.

Поради промена на стандардите за годинешната Формула 1 сезона што донесе потреба од хомологација на новите производи кои ги задоволуваат правилата, многу фабрики за производство на заштитни кациги буквално беа во трка со времето за да ги достават своите производи.

Макс Верстапен веќе подолго време користи кацига на Араи, производителот кој не успеа пред почетокот на сезоната да ги хомологира сите големини, а едиснтвената кацига одобрена од Араи беше премала за главата на Макс кој не се чувствуваше удобно во неа.

Тој продолжи со кацига на Шуберт од која беше многу позадоволен, по што склучи договор да ги користи нивните производи до крајот на оваа сезона.

Кацигата на Шуберт има поинаква форма од онаа на Араи, така што промената сигурно дека ќе има некакво влијание врз РБ15 болидот кој при дизајнирањето користеше Араи.

кацигата на араи беше користена како база во нашиот концепт, имаме договор со араи долги години, не само за возачите на ред бул, туку и за механичарите, како и за сите во торо росо.

но, верстапен имаше проблеми со таа кацига на тестирањето, не му беше точна и не гледаше доволно, така што не му беше удобно целокупното возење – откри доктор хелмут марко.

Иако во Милтон Кинс секако ќе се чувствуваа подобро ако Макс останеше на кацигата на Араи, сепак Марко бил свесен дека удобноста на возачот мора да биде на прво место.

ако на возачот не му е пријатно во кацигата, тогаш не смееме да го форсираме на ништо. моравме да одличиме откако не беше јасно дали и кога араи ќе стигне со хомологацијата, така што одлуката е донесена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ